Ливерпул поставува патеки за „брзите“ пешаци

Првата патека во светот која ќе биде наменета строго за пешаците кои сакаат побрзо да стигнат до дестинацијата ќе биде поставена во Ливерпул. Оваа одлука е донесена по истражување чии резултати тврдат дека 47 отсто од нацијата го наоѓаат бавното пешачење најздодевен аспект од шопингот низ град.

Со поставување на улицата „Сент Џон“, патеките за брзо поминување ќе им дозволуваат на пешаците да ги избегнат гужвите додека минуваат низ шопинг центарот во градот.

Истражувањето, спроведено од Аргос, исто така откри дека купувачите мразеле да се борат низ гужвите, луѓе кои си муабетат на сред улица и узурпаторите на тротоарите.

Сепак, се чини дека идејата со патеките е подобро примена меѓу помладите купувачи, отколку кај старите, или 69 отсто кај граѓаните од 16 до 24 години, додека само 37 отсто кај граѓаните над 55 години.

Најпопуларната причина за поддршка на патеките е за да се избегне трошењето време, каде 31 отсто од пешаците велат дека биле фруструрани од луѓето кои ги блокираат тротоарите.

Луѓето кои постојано гледаат во мобилните телефони додека поминуваат се исто така проблем за 18 отсто од испитаниците.

Во 2014 година, „Нешнл Џиографик“ спроведе социјален експеримент така што претстави одделни патеки за пешаци кои сакале да користат мобилни телефони при движење и оние кои не сакаат. Иако некои луѓе застанувале да ги фотографираат ознаките, тие најчесто биле игнорирани.