Live-stream концерт на „The Local Blue“ од Марковите Кули

Организацијата Пирка за утре најавува live-stream настан заедно со македонскиот бенд „The Local Blue“ директно од Марковите Кули во Прилеп. Станува збор за концерт кој ќе биде достапен за гледање само преку социјалните мрежи.

Настанот ќе започне во интервал од 20:30 до 21 часот, а ќе трае еден час.

Ова е седми ваков настан што го организираат. Бираат спефични локации кои се соодветни со артистите кои настапуваат.

„Сакаме преку презентација на аудио и видео моменти да промовираме артисти, а воедно и да промовираме локации низ Македонија на еден невообичаен начин и перспектива која ретко кој може да ја искуси“, велат од Пирка.

Јавноста ќе може да го следи концертот на Фејсбук и Јутјуб.

„Секој претходен стрим досега имаше посебен предизивик за да биде таков каков што е, но сметаме дека Прилеп ќе биде комбинација од сите минати искуства каде што ќе пробаме да доловиме момент на аудиовизуелна хармонија“, велат од Пирка.

Во продолжение, најавата за најновиот live-stream настан:

Stay tuned for our next livestream event with The Local Blue ! Supported by: Room 313

Posted by Pirka on Friday, 28 June 2019

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.