Литванија одби да ја испорача опозиционерката Тихановскаја на белоруските власти

Белорусија објави дека побарала од Литванија да ја испорача опозициската лидерка Светлана Тихановскаја, но Вилнус веднаш го одби таквото барање, пренесува „Н1“.

Белоруското обвинителство соопшти дека на основа на билатерален договор од 1992 година, побарал0 од своите колеги од Литванија екстрадиција на Тихановскаја, со цел таа да се процесуира „поради кривични дела против јавната безбедност“, во врска со улогата која ја имаше во простестното движење кое произлезе по претседателските избори во август.

Сепак, министерот за надворешни работни на Литванија, Габриелиус Ландсбергис рече дека „сите кои нашле засолниште во Литванија може да се чувствуваат безбедно, затоа што нема да бидат вратени во режимите кои ги бараат, било тоа поради нивната борба за демократија и слобода на изразување, било поради нивните уверувања“.

Тихановскаја која се засолни во Литванија веднаш по изборите за да избегне апсење, на Твитер изради благодарност до земјата „не само за спротиставувањето“ на режимот на белорускиот претседател Александар Лушакенко, туку и за „испраќањето силна порака за поддршка на Белорусите“.

Масовните анти-владини протести започнаа низ Белорусија по претседателските избори од 9 август, поради официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 отсто од гласовите. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите биле украдени.

И покрај напорите на властите да ги задушат протестите со апсења и репресија над демонстрантите и активистите, масовните протести траеја до декември, до доаѓањето на екстремно студеното време.

Тихановскаја која неочекувано стана главен ривал на Лукашенко на изборите, по апсењето на другите истакнати опозиционери, беше обвинета од белоруските власти дека организирала „масовни немири“, а процесот против неа се води поради „повици за активности кои ја подриваат националната безбедност“.

Истражителите објавија видео за кое тврдат дека покажува како Тихановскаја разговара за план за преземање на владини згради по изборите во Гомел, вториот по големина град во Белорусија.