Лицето на американската политичка моќ

ББЦ создаде комбинација од лицата на сите членови на Сенатот и Претставничкиот дом на САД. Еве што „лицето на американската политичка моќ“ кажува за политиката на САД во 2017 и како Демократите и Републиканците се разликуваат.

Мажот на сликата погоре има кратка коса, околу 40-50 години и е белец. Изгледа како просечен човек на таа возраст.

Но, она што е претставено на сликата е американската политика во 2017 година. Тоа е композитна слика од Конгресот на САД: сите 100 сенатори и 435 членови на Претставничкиот дом, споени во едно.

ББЦ Фјучр решиле да ја направат оваа слика бидејќи, како што пишуваат, лицата важат во политиката.

Истражувањата покажуваат дека луѓето често гласаат според тоа како нивните политичари изгледаат. Луѓето кои се избрани на високи политички функции, исто така ни налагаат што ние треба да правиме, пишува ББЦ. Во идеален свет, политичарите треба да се одраз на нашето општество, но и на општеството кое сакаме да го изградиме. Сепак, тие си лидери кои децата ги гледаат на телевизија. Ги претставуваат вредностите на народот, ја водат нацијата, ги обликуваат животите. Доколку младата личност гледа во екранот и гледа некој како нив, веруваат дека и тие еден ден можат да го прават истото.

Политичките научници го нарекуваат тоа „дескриптивно застапување“: влада формирана од политичари со истата пропорција на раса, род и позадина како и нејзиниот народ. Студиите сугерираат дека тоа води до помалку отуѓување, поголема излезност и поголема ангажираност во политиката.

Па, што тогаш кажува лицето погоре за САД, и што може да ни каже за тоа колку добро американските лидери ги одразуваат луѓето кои ги застапуваат?

Има неколку нешта кои веднаш се забележуваат кај комбинацијата од лицата на сенаторите. На пример, родот и расата – веднаш се забележува дека станува збор за бел маж.

Фотографиите на сенаторите кои биле искористени. Со црвено се прикажани Републиканците, а со сино Демократите

Доколку се копа подлабоко, лесно е да се сфати зошто просечното лице ја има таа боја и форма. Иако 115тиот Конгрес на САД има поголема мешавина од етникуми од кога и да било порано, претежно е бел: 80% вкупно, без да се вклучат Латино-американските политичари. Според податоците од пописот во 2016 година, 61% од сенаторите се бели и немаат шпанско потекло.

Има значајни разлики во диверзитетот и помеѓу партиите. Според истражувањата на Институцијата Брукингс, 95% од Републиканците во 2017 се белци, во споредба со 63% од Демократите.

Од 47 сенатори кои се Афро-американци, дури 44 се демократи. Сите 13 сенатори со потекло од Азија се исто така Демократи. Од 38 Латино-американци кои се членови на Конгресот, 28 се Демократи, а 10 Републиканци.

Последен заклучок кој произлегува од комбинацијата на сликите е возраста. Иако брчките се измазнети дигитално, човекот на сликата изгледа како просечен средовечен маж.

Ова, исто така, не е изненадување. Најмладиот член на Конгресот е 33-годишната Елиз Стефаник, претставник на Републиканците од Њујорк. Но, просечната возраст на сите претставници е 60 години. Околу 33% проценти на Конгресот се постари од 65 години, во споредба со само 14% од населението на САД. Некои се и постари. Демократот Џон Конјерс од Мичиген има 88 години.

Во последните децении, Конгресот направи прогрес во однос на застапеноста на сите заедници. Но, сепак има уште многу пат додека да стане совршен одраз на населението на САД. Ова е значајно, бидејќи политичките одлуки ги обликуваат животите и иднините. Најдобар начин на кој носителите на одлуки можат да разберат на што да ги засноваат одлуките, е да ги разберат луѓето кои ги застапуваат. Во разнолико општество, тоа значи дека треба да доаѓаат од различни позадини и да имаат различни гледишта.