Лезбејски пар доби старателство над дете во Хрватска

Во Загреб за прв пат на две жени кои се во истополова врска им е доделено партнерско старателство над дете, објави Загреб Прајд, а пренесе Б92.

„Искрени честитки за мајките и нивното дете од Загреб Прајд“, се вели во статусот на Фејсбук на оваа организација.

Идентитетот на мајките и дететo не е објавен.

Ова е првиот пар кој по една година од остварувањето на правата за животно партнерство за истополови парови, го оствари и правото на заедничко старателство над деца.

Според законот кој во Хрватска стапи на сила пред една година, животните партнери имаат право да поднесат барање за остварување на правото за заедничко старателство над дете или деца.

Извор: Б92