Легендарната Миланска Скала повторно ги отвори вратите за посетители по 6 месеци

Миланската легендарна опера, Скала, синоќа го одржа првиот концерт откако шест месеци беше затворена поради пандемијата со коронавирусот.

Членовите на оркестарот со заштитни маски и хористите изведуваа арии од оперите на Џузепе Верди, Рихард Вагнер и други славни композитори пред ограничен број од 500 гледачи кои изведбата ја следеа од ложата, додека партерот остана празен.

Концертот беше одбележан со дебитантскиот настап на норвешкиот сопран Лисе Давидсен, а заврши со петминутни овации на „Хорот на робовите“ од операта „Набуко“, како ода за слободата.

„Имаме големи емоции поради можноста уште еднаш да ја вдишеме атомосферата која само публиката може да ни ја даде. Се надевам дека ова е нов почеток и дека нема да престанеме пак по овие тажни месеци на тишина“, изјави првата виолинистка, Лаура Марзадори, пренесува Франс 24.

Отворањето доаѓа само еден ден пред 75-годишнината на историскиот концерт во 1946 година кога беше прославено пост-военото отворање на Скала по реновирањето откако била бомбардирана во Втората Светска Војна.

Повеќе од 123 илјади луѓе починаа од Ковид-19 за време на пандемијата во Италија. Властите во земјата претходно одлучија да се отвори кино-салите и театрите на 26 април.