Ле Пен се залага за укинување на бесплатно образование на децата на странците во Франција

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, потенцираше дека е за укинување на бесплатното образование за децата на странците во Франција.

Во свој говор во Париз, кандидатката на Национален фронт за претседателските избори во 2017 година, рече дека треба да се изрази националната солидарност кон Французите. Истовремено, тврди дека ништо против странците.

„Сепак, им порачувам – ако доаѓате во нашата земја, немојте да очекувате некој да се грижи за вас и вашите деца да добиваат бесплатно образование…“

„Нема повеќе време за играње“, рекла Ле Пен, пренесува „Би-би-си“.