„Квиби“ најави мини серијал за велешките лажни вести и американските избори во 2016

„Квиби“ најави серијал за „лажни вести“ и нивното влијание на изборите во САД во 2016 година

Платформата за кратки филмови и серијали работи на серијата „Кликбејт“ (работен наслов), што ја разработува вистинската приказна за група на македонски тинејџери кои се збогатиле креирајќи лжани вести за време на предизборната кампања во 216 година.

„Кликбејт“ ќе го истражува влијанието на нивната работа врз американските избори и нивните животи.

Фион Вајтхед ќе го глуми Нико, еден од македонските тинејџери кои учествувал во ширењето на лажни вести. Нико е опишан како млад човек кој е очаен да избега од околината, а открива дека објавувањето лажни вести може да биде билет за подобра иднина.

Извор: Variety