„КупиКнига.мк“ ја објави листата на најпродавани книги за 2020 година

Онлајн книжарница „КупиКнига.мк“ која претставува агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот ја објави листата на најпродавани книги во Македонија за 2020 каде на самиот врв е книгата „Принцезата Султана: неисплачени солзи“ од Џин Сасон.

„Нашиот сајт постои повеќе од 8 години и секоја година е поуспешна од претходната токму поради нашите верни корисници и љубители на книгата“, објавија од КупиКнига.мк.

Во продолжение погледнете ја целосната листа на топ 20 најпродавани книги за 2020 година.

1. Принцезата Султана: неисплачени солзи – Џин Сасон
2. Апартман во Париз – Гијом Мисо
3. Девојката од Бруклин – Гијом Мисо
4. Е, баш ме заболе – Марк Менсон
5. Тајната на Алексови – Наде Стојилковиќ
6. Бедни луѓе – Фјодор М. Достоевски
7. Лесен начин да ставите крај на пушењето – Ален Кар
8. Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки
9. Ќерката на дрвосечачот – Наде Стојилковиќ
10. Тошо Малерот: монологија – Васко Тодоров
11. Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината – Александар Алексов
12. Ако не постои утре – Гијом Мисо
13. Станарката на замокот Вајлдфел – Ен Бронте
14. Девојката и ноќта – Гијом Мисо
15. Пациентот – Себастијан Фицек
16. Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи
17. Медитации – Марк Аврелиј
18. Какви што ти се мислите таков ти е животот – Џејмс Ален
19. НОЌ и ДЕН – Вирџинија ВУЛФ
20. Бруклин – Колм Тојбин

КупиКнига.мк е првиот и единствениот портал за електронска трговија со книги. Моменталната понуда брои над 60.000 изданија на македонски, српски, англиски и албански јазик од најразлични жанрови.