„Kultur Shock“ вечерва настапува во Македонска Каменица

Од Сиетел, САД, во Македонска Каменица вечерва пристигнува џипси-панк бендот „Kultur Shock“. Концерот е дел од „True Sound of Kamenica Festival 2018“.

Според организаторите, бендот е првокласна фестивалска атракција која ги има поминато сите значајни светски фестивали, а нивните хитови кои се микс на традиционална балканска музика со рок, панк и метал повеќе од 20 години ги воодушевуваат музичките фанови.

„Со издавањето на новата песна ’Refugee Song’, ’Kultur Shock’ го прекинаа едногодишното ’душевно преиспитување и истражување како да се опстане во светот кој моментално нема никаква смисла’. ’True Sound of Kamenica Festival’ е подготвен за звучниот удар кој ќе се случи на најголемите хитови на ’Kultur Shock’. ’Hashishi’, ’Zumbul’, ’Sheitan’, ’Sloboda’, ’Da ye’, ’Aksam’, ’Mastika’ и многу други ќе ја стресат Каменица. Подготви се! Културниот шок доаѓа!“, стои во најавата за настанот.

Инаку, македонска поддршка за овој концерт се извонредните македонки бендови „The Black & Vice Social Club“ и трибјут бендот на „ЕКV“ – „Weltschmerz“.

Организаторите на фвестивалот напоменуваат дека билети во продажба ќе има во Cliff of Moher Pub до 18 часот по 200 денари, а потоа тие ќе може да се купат само на влез на настанот по цена од 300 денари.

Настанот е најавен од 22 часот.