Кујтим Усеини: Компанијата „Нефи ИК“ никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро

Компанијата „Нефи ИК“ никогаш не вадела песок од брегот на Охридското Езеро, тврди Кујтим Усеини, брат на охридскиот советник Нефи Усеини кој е сопственик на нелегалната бетонска база изградена на излезот во Охрид, јавува „МИА“. Реакцијата на Усеини доаѓа по вчерашната објава на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ кои преку нивната Фејсбук страница објавија дека механизација во сопственост на советникот копа песок од крајбрежјето за потребите на базата.

Усеини вели дека ваквите информации се невистинити, а како што  нагласил, тоа било утврдено и од полицијата што ги проверувала тврдењата на иницијативата.

„Ние поседуваме сопствен каменолом од каде користиме суровини за производство на високо квалитетн бетон кој го користиме во градежните активности и не користиме материјали кои може да го компромитираат составот и квалитетот на бетонот и градбите кои ги изведуваме“, изјавил Усеини.

Од компанијата побараа извинување од „Охрид СОС“ и апелираа до медиумите да не пренесуваат, како што велат, непроверени информации.

Охрид СОС: Механизација на Нефи Усеини копа песок од крајбрежјето за бетонската база