„Крводарител“ : Одзивот на крводарителите беше брз и има залихи

Здружението на крводарители „Крводарител“ од Скопје, соопшти дека се обезбедени потребните количини крв кои недостигаа за повредените сместени во билницата „8 Септември“. И во останатите скопски болници има доволни резерви на крв.

„Повеќе портали ја преземале нашата претходна информација дека залихите во Градска општа болница `8-ми Септември` беа ниски. Одзивот на крводарителите беше брз и залихите се во ред“, соопштија од здружението.

Покрај во „8 Септември“, крводарители и граѓани донираат крв и во Општата градска болница, како и во Клиничкиот центар, на Клиниката и одделот за трансфузиологија, каде има сместено повредени во вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје Гостивар.

Во несреќата животот го загубија 14 лица, а триесетина беа повредени. Несреќата се случи околу 17 часот, кога се преврте автобус на компанијата „Дурмо турс“, кој сообраќал кон Гостивар.