Кривична пријава за полициски командир поради фалсификувана диплома од ФОН

Полицијата поднесе кривична пријава против 45-годишен кумановец, командир на полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Пелинце кој користел лажна диплома за да напредува во кариерата. Кривични добија и Заменик-генерален секретар на ФОН во Скопје и раководител на студенски прашања на овој универзитет лажно му издале диплома на полицаецот.

Вработените во ФОН се товарат за „злоупотреба на службена положба или овластување“ и „фалсификување исправа“, а полицискиот командир за „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Полицаецот, со намера побрзо да се стекне со диплома за завршено високо образование, во февруари 2008 година поднел молба до Полициската академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје од каде добил Уверение дека е запишан како вонреден студент во II година – IV семестар во академската 2007/2008 година и дека има положено 16 испити.

„По ова, тој не поднел молба за запишување и не склучил Договор за студирање со Правното лице Универзитет ФОН, а согласно претходен усмен договор, второпријавениот – одговорно лице на универзитетот и третопријавената – раководител на студентски прашања, формирале Комисија за признавање на испити на Факултетот за детективи и безбедност, која на 17.01.2008 година донела Решение пред да му биде издадено Уверението за положени испити од Универзитетот на кој претходно бил запишан, со кое му се признаени 15 испити, без да биде донесено друго Решение за тоа во кој семестар треба да биде запишан“, стои во полицискиот билтен.

По ова, полицаецот поднел пријавен и семестрален лист за запишување на VI семестар, кој не бил даден на одобрување кај Деканот на Факултетот, при што му било возможиле од незавршен IV семестар да го продолжи студирањето директно во VI семестар.

„Откако првопријавениот на незаконски начин ги положил испитите предвидени со студиска програма, му било изадено Уверение за положени испити без наведување со стекнат стручен назив со печат на Универзитетот и без потпис од Ректорот. Уверението не било заведено во Деловодната книга на правното лице која во тој период ја водел второпријавениот. По ова, првопријавениот, Уверението за положени испити, најпрво го употребил на 11.09.2008 година кај нотар во Скопје, а потоа го употребил во МВР на РМ за напредување во кариерата“, се додава во полицискиот билтен.