Критична маса во четврток низ Битола

Луѓето кои возат велосипеди низ Битола, во четврток (29 август) ја организираат 58-мата Критична маса во овој град. Зборно место е плштадот „Магнолија“, во 18 часот.

Со Критична маса, велосипедистите сакаат да укажат на бројните проблеми при возење велосипед низ Битола.

„Доколку сте од оние кои по градскиве улици се движите на точак без разлика на опасностите кои ве демнат и сакате јавно, јасно и гласно да ги повикате локалните власти и граѓаните дека е време за промени на кој луѓето се движат низ град, тогаш дефинитивно ова е вело дружба која не сакате да ја пропуштите“, велат од иницијативата „БитолаНаТочак“ во најавата за настанот.