Претставата „Немам каде да се вратам“ одиграна во Требиње

На театарската сцена на Центарот за култура Требиње, викендов, на втората натпреварувачка вечер на 62. театарски фестивал настапи групата за перформанс „Kunstwerstatt” од Скопје со претставата „Немам каде да се вратам“. Публиката едногласно и ја додели наградата за најдобра актерка на Христина Мирчевска, за улогата на наставничката Седеф, кај македонски театарски тим.

Претставата „Немам каде да се вратам“ е претстава за талкањето на сириските бегалци, да се талка значи да се бега, а во оваа претстава тоа значи и да се најде. Се отсликува со квалитетна колективна игра со комплицирана естетика во изразување на сериозна светска проблематика, низ која се проткајува будење на општествена одговорност и емпатија.

Она што ликовите од оваа претстава го наоѓаат е нивниот сопствен однос кон она од коешто бегаат. Дејството се случува во еден од бегалските кампови во Македонија и откако ликовите ќе се соочат со своите задоцнети бури, продолжуваат по својот пат до некоја од европските земји.

Режисер на претставата е Дени Стојанов, а драматург е Милош Андоновски. Претходно претставата на „Kunstwerkstatt“ ја освои наградата Гран При „Васил Ќортошев“ за најдобра претстава на 56-тото издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани (ДАФ).