Kреирање преку рециклирање – Алерт арт изложба во „Феникс“

Во Културниот центар Феникс – Скопје вечерва ќе се одржи Алерт арт изложба на авторките Евица Камберова – Стојаноска и Маргарита Иванова.

Алерт арт е уметност преку која од стари, неупотребувани, обични работи, се создава нешто ново. Станува збор за нови креации и уметност на старите работи, за креирање преку рециклирање.

Фокусот на уметничкото изразување е преку изработка на декоративни предмети со различни техники – декупаж, сликање, боење, филигран од хартија, лепење, украсување…

Авторките велат дека се радуваат кога ќе најдат нешто старо, фрлено, неупотребувано, заборавено и кога ќе му дадат нов живот.