Креаторите на Покемон ГОУ бришат локации од играта поради метеж

Едно од најдобрите места во Австралија за ловење покемони е избришано со новото ажурирање на играта од страна на нејзините креатори. Неколку локации со покемони, виртуелната игра која се игра во реалниот свет, привлекоа стотици играчи во еден парк во центарот на Сиднеј при што жителите од овие реони беа принудени да се справуваат со сообраќајниот метеж, купишта ѓубре и бучава до раните утрински часови.

Затоа, креаторите на играта почнаа да работат на ажурирање на локациите, за да се отстранат ваквите места од нивната мапа.

„Има викотници во текот на ноќта, луѓето фрлаат ѓубре и догорчиња од цигари и има постојан сообраќаен метеж”, вели за „Сиднеј Морнинг Хералд“ жител на овој град, пренесува БиБиСи.

Советот на општината поради тоа беше принуден да постави дополнително обезбедување и нови возила за собирање на ѓубрето за да се справат со приливот на играчи на Покемон ГОУ на најзасегнатите локации.

Од страна на креаторите на играта веќе се тргнати некои познати локации како што е Меморијалниот центар Анзак во Сиднеј, Националните гробишта Арлингтон во САД, но и Меморијалниот парк Хирошима, во Јапонија. Овие места се тргнати по барање на луѓето кои управуваат со ваквите објекти.