Креативни работилници за лицата со интелектуална попреченост

Здружението на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ организира креативни работилници и работилници за самоодредување и самозастапување наменети за лицата со интелектуална попреченост.

На креативните работилници се изучуваат вештини за шиење на машина, рачно шиење, принтање на текстил, принтање на хартија со акрилни бои, декорации од хартија, монистра, гипс и филиграни од хартија.

На работилниците за самоодредување се работи на зајакнување на личноста преку техники за зголемување на самодовербата, доверба, играње улоги, емоции и слично, додека на работилниците за самозастапување пак, се обработуваат теми од интерес на лицата со интелектуална попреченост, а исто така лицата се информираат за своите права и начините како да ги остварат тие права.

Повеќе информации може да се добијат на телефонскиот број 02/246 7551 или со посета на здружението СОЛЕМ.