Креативна Европа МЕДИА ќе ги претстави можностите пред македонските аудиовизуелни професионалци

Креативна Европа МЕДИА – Деск во Македонија, поканува почетници и искусни професионалци од аудиовизуелниот сектор од Македонија на информативна средба на која ќе ги презентираат можностите кои ги нудат на продуцентите од филмската и телевизиската индустрија во Македонија.

Средбата ќе се одржи во фоајето на Кино Фросина (МКЦ) во Скопје, на 23-ти февруари од 11.30 до 13.30 часот, во рамките на настанот „Златна рамка“ денови на македонскиот филм.

„Цел на настанот е претставување на можностите кои ги нуди МЕДИА за аудиовизуелниот сектор со акцент на финансиските шеми наменети за продуцентите од филмската и телевизиската индустрија во Македонија. Покрај тоа, средбата е одлична прилика меѓусебно да се сретнат на едно место заинтересираните професионалци кои работат во аудиовизуелниот сектор.
Пријавете се и дознајте какви можности нуди МЕДИА? Кои се тековните повици за финансирање? Какви филмови и серии поддржува МЕДИА? На какви тренинг програми можете да учествувате? Како телевизиите можат да учествуваат во проекти поддржани од МЕДИА? Како да ја искористите европската мрежа на МЕДИА? Кои се новите стратегии за развој на публика? Какви фондови постојат за ВОД-платформи (video on demand)“, најавуваат организаторите.

Теми и учесници на настанот:

„МЕДИА за Македонија“- Бистра Георгиева, раководител на Креативна Европа МЕДИА Деск МК
„Блиски успешни приказни“ – Неда Миланова, продуцент од бугарската компанија „Агитпроп“ и проект менаџер во „Balkan Documentary Center”,  финансирани од МЕДИА
„Искуства од интернационални тренинг програми“ –  Елена Станишева, продуцент
„Поддршка за професионално усовршување“ – Анита Стојческа, претставник од „Агенција за филм на РМ“

Настанот е отворен за: искусни и продуценти почетници, филмски професионалци, организации, претставници на телевизиски куќи и сите заинтересирани страни кои работат во аудиовизуелниот сектор.

Организаторите посочуваат сите кои се заинтересирани да ги резервираат своите места, со оглед на ограничениот број места, најдоцна до 21-ви, февруари, 2019 до 15 часот на media@ced.mk.