„Кратко, ем јасно“ со Марко Марк, водител и новинар

Културата секогаш била важен дел на нашите животи. Таа често трпела напади и потреси, но
секогаш излегувала од пепелта како феникс. Секогаш се враќала пограциозна. Како златно јајце што
раѓа надеж. Така и за време на оваа светска пандемија. Ние се справуваме со короната, но не ја
забораваме културата.

На оваа тема ќе проговориме со Марко Марк. Тој ќе ни раскаже со убавиот и нежен збор за своето
лично искуство во културата пред и за време на оваа пандемија.

Колку културата е застапена во радиото и ТВ-медиумите?

Благодарам за одвоеното време и лојалноста. Ми значи што ми дозволивте да допрам на
вашата медиумска платформа. Одлично е прашањето, но (субјективно) моето размислување и
одговор не се оптимистични иако тоа не соодветствува со мојот порив, карактер, дух… Во овој
момент мислам дека колективно го делиме мислењето многумина, кои на директен или
индиректен начин ја гаат уметноста и цела таа гранка полн диверзитет. Се надевам дека нема да
бидеме сведоци на тотална културна ерозија, деспотизмот, тоталитаризмот, политиката,
капитализмот и фиктивната моќ идентификувана со материјализам сè повеќе го создава
сценариото – дистопија во светот, се надевам како доброчинители и свесни „сапиенти сат“-битија
ќе создадеме културна магија во светот. Секоја чест на културните работници кои и во време на
пандемија без притоа голем дел од нив и без приход прават вистинско виножито, но НАЈголем
минус денес за медиумот кој денес е поле на личен интерес и работа на “рејтинзи”, лични приходи
отколку работа за публиката и нивно уживање дополнително апсорбирајќи на едуцирање и
релаксирање. Имаме полни раце работа да ја вратиме магијата…Ако успееме, верувам во тоа.

Кога започна да работиш во медиумите во каква ситуација беше тогаш културата?

Далеку попозитивна клима, полна промоции, концерти, изложби, музички проекти,
филмски фестивали, книжевни саеми… Не дека и денес се во дефицит, напротив, но се менуваат
времињата, а културата успева да се адаптира на еволуцијата од секој аспкет, иако медиумите не,
барем не (особено) кај нас. Медимуите треба да живеат и пулсираат во еден ритам со и за
културата, да бидат тие кои први кои ќе го дадат френетичниот аплауз со публиката.

Корната ни го смени начинот на комуникација. Сè се префрли на интернет. Кое е твоето
мислење за ова?

Имаме физички тела, торзо полно емоции, реакции, сетила, тело составено околу 70
проценти вода, секој атом е една чиста вибрација и енергија така што верувам во некој добар извор
и огромна интелигентна енергија која создала микроби и фини атоми кои создале полно поле живи
битија и се дел од еден колективен танц поврзани меѓусебно со природата и секоја жива свест
околу, не смееме да создадеме автосајбер-апокалипса, во ред е да ја употребиме технологијата
како би заштедиле енергија и време за одредени работи од кои имаме избалансиран бенефит од
дигитализацијата, но не и да се претвориме во интернет шаховски пиуни. Животот се одвива
надвор поврзувајќи се и уживајќи во фреквенцијата на љубовта и природата.

Александар Матовски – Цако

*Три прашања, три одговори – Кратко, ем јасно. Ова е мини рубрика на Радио МОФ во рамки на „младинските муабети“ што ја водат членовите на новинарскиот клуб на Радио МОФ, предводен од новинарот Огнен Јанески