Краткиот филм „Налепница“ на Георги М. Унковски освои шест награди во Италија

Кратката комедија „Налепница“ („Sticker“) на режисерот Георги М. Унковски освои шест награди на првото издание на „Апулија фестивал“ за краткометражен филм во Италија.

Македонскиот филм победи во категориите за најдобар филм, за најдобра режија, за сценарио (Георги Унковски), за најдобар актер (Сашко Коцев), за монтажа (Мартин Иванов), како и наградата „Popular Jury Vote“.

Филмот на Унковски беше во конкуренција на 12 кратки филма од цел свет.

Претходно, „Налепница“ беше награден за најдобар краток филм на Бруклинскиот филмски фестивал, а својата светска премиера ја имаше на самото отворање на 39 издание на „Санденс“.