Косовската претстава „Будење на пролетта“ избрана за најдобра на Скупи фестивал

Косовската претстава „Будење на пролетта“ на авторот Франк Ведекинд, а во режија на Зана Хоџа е прогласена за најдобра на 14. издание на МТФ Скупи фестивал. Претставата е во продукција на Артполис – Центар за уметност и заедница и Косовски национален театар.

Според жирито, составено од Наташа Поплавска, Амернис Нокшиќи Јовановска и Евис Халили, претставата има цврст режиски концепт и современа естетика, покажувајќи „нов правец” на балканскиот театарски израз кој како што велат, е во чекор со европскиот, делувајќи во полето на „тотален театар”, употребувајќи музика, драма, танц и видео, со актерска игра која ги поместува границите, вклучувајќи ја и реакцијата на публиката.

Синоќа, фестивалот го затвори четиринаесеттото издание со претставата „Дел од колекција“ од Театар Вагабонди, Софија, Бугарија.

На овогодинешното издание на СкупиФестивал, продефилираа повеќе театарски групи од Албанија, Србија, Косово, Бугарија и Хрватска.

Фестивалот се одржа со поддршка од Минситерството за култура и Град Скопје.