Kонкурс за учесници на работилници за улична уметност

Младински образовен форум во соработка со Графити Шоп Хром распишува конкурс за учесници на работилници за Улична Уметност. Работилниците ќе се реализираат во Скопје во периодот од 5 април до 4 мај 2014 за време на викендите (сабота или недела) . Работилниците се еднодневни [4 часа вклучувајќи и една пауза].

Kонкурс за учесници на работилници за улична уметност

Целта на овие работилниците е да соедини млади, инспиративни и креативни луѓе кои имаат интерес за Улична Уметност, а ќе се фокусираат на учeње на основните техники, како типографија, изработка на шаблони и цртање на графити. По завршување на работилниците производите креирани на истите ќе бидат изложени на финален настан – изложба.

Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, а пријавувањето е најдоцна до 31ви март 2014 година, преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk. Пријавата за учество може да се преземе тука.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи. Повеќе информации можете да добиете на obuki@mof.org.mk или на 02/3139 692 лок 103.