Конкурс за најдобар панграм

На иницијатива на Ласко Џуровски, а со голема поддршка на групата„Пуздер правам… од македонскиот јазик!“, деновиве на социјалните мрежи се рашири предизвикот на составување панграми, односно реченица што ги содржи сите букви од азбуката.

Затоа што станува збор за прилично креативна јазична игра, порталот Окно реши да отвори конкурс за панграми, кој ќе трае до крајот на месец февруари. Нема ограничување во однос на бројот на панграми што еден учесник може да ги испрати.

Критериумите за оценување на панграмите се: краткост, (јазична) креативност, поетичност, музикалност, имагинативност. Ќе бидат избрани пет најдобри панграми. Најдобриот ќе биде награден со 10 книги од издавачката куќа Темплум, а останатите ќе добијат по 5.

Панграмите ќе ги оценуваат Никола Гелевски, Јана Колева и Иван Шопов. Пријавување на мејл: templum.skopje@gmail.com.

Оние кои имаат потреба, можат да добијат и техничка помош за составување панграми, преку специјалниот ПанграмМК бројач, софтвер изработен од Џејсон Стит, а прилагоден во македонска верзија од „Кома“ и „Битсиа Системи“.