Конкурс за краток расказ на Нова Македонија

Конкурс за краток расказ на Нова МакедонијаДневниот весник Нова Македонија распиша конкурс за краток расказ. Тричленото жири ќе додели три парични награди, а предвидени се и три откупни награди.

Конкурсот за краток расказ „Нова Македонија“ првпат го објави во 1960 година.

Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широкоприфатена од читателската публика и која има длабоки корени во македонската раскажувачка традиција.

Повеќе информации за конкурсот на следниот линк.