Ербасвиот дизајн за наследникот на Конкорд ќе лета со брзина која е 4,5 пати поголема од таа на звукот и ќе превезува патници од Лондон до Њујорк за еден час. „Конкорд 2“ ќе полетува вертикално и треба да лета со брзина од 3.425 милји на час – три пати побрзо отколку со „оригиналниот“ Конкорд, покажува видеото на Patent Yogi.
Опишан како најголемиот „ролеркостер“ на светот, авионот ќе се потпира на три различни типови мотори, секој наполнет со различна форма на хидроген. Дизајнот е правен врз основа на наградениот патент за ербас во јули и е елегантен, футуристички авион. Мазните контури пак треба да го направат авионот потивок.
Хиперсоничниот авион освен што ќе го намали времетраењето на патувањето, треба да донесе и пониски цени, пишува „Independent.“