Концертни протести во Газа во екот на „Евровизија“

Во екот на одржување на „Евровизија“ во Израел, кога голем дел од очите од Европа се свртени кон музичките фестивалски вечери, палестински, израелски и интернационални активисти организираа три настани, вклучувајќи ги „Gaza Message“ (Пораката на Газа) во вторникot, „Globalvision“ (Глобалвизија) и „Gazavision“ (Газавизија) во сабота, по Рамазан.

„Пораката на Газа“ се одржа кај руинирани згради, остатоци од израелски авионски напади, објави палестинската информативна агенција Сафа.

На настанот имаше концерт од млади од Газа, вклучувајќи неколку песни и говор од мајката на Роузан Ал-Наџар, палестинско медицинско лице убиено на границата на Газа во 2018 година. Израелските одбранбени сили тврдеше дека Ал-Наџар бил употребен како човечки штит, додека Палестинците тврдеа дека е убиен од израелски снајпер додека ја вршел медицинската дејност.

Како што јавува агенцијата Сафа, целта на „Пораката на Газа“ е да покажа дека Газа „пее,  шири љубов и отфрла било какви злосторства од израелската окупација преку уметност и музика“.

„Се обидуваме да пратиме порака до целиот свет дека окупацијата е нецивилизирана и нехумана. Го сакаме животот и сакаме луѓето да живеат во сигурна и безбедна околина. Окупирањето на земјата и човечките слободи ги уништува институциите и станбените објекти, а луѓето се принудени да живеат во замор и тешкотии“, изјави Министерот за култура на Газа, Анвар Ал-Барави.

Во сабота на финалето на „Евровизија“, организацијата „We Are Not Numbers“ ќе го одржи онлајн проeктот „Газавизија“, протест против, како што велат „срамотното користење на ‘Евровизија’ како кампања на Израел за да се сврти вниманието од воените криминали против Палестинците“.

Според Сафа, проектот прикажува шест талентирани пејачи во Газа на кои не им е дозволено да патуваат на такви интернационални натпревари.

„Глобалвизија“, пак, ќе се одржи под мотото „Oсмели се да сонуваме заедно“.

Организаторите ја презентираат „Глобалвизија“ како ноќ на инклузија и разновидност, славејќи ја палестинската музика и култура. Активистите апелираат до израелските и гледачите на „Евровизија“ да речат „не за перење преку уметност, не за воена окупација, да за правото на бегалците да се вратат, да за човечки права и достоинство за сите“.

На настанот се најавени палестинскиот сопрано Дима Бавар, квир-поп артистот Башар Мурад, израелскиот дим-поп уметник Олах Гритцер, но и Британецот Брајан Ено.