Концертната промоција на вториот студиски албум на „Filch“

Концертната промоција на вториот студиски албум „Underdog“ на македонскиот бенд „Filch“ ќе се одржи на 31 март, во Киното Фросина, во МКЦ Скопје.

„Underdog“ е мултимедијален проект со илустрации и видео анимации за 10 нови инструментални композиции, изработени од Вања Шереметкоски и Михаил Наумов, и аудио снимано, миксано и мастерирано од Ѓорги Вацев. Две нови траки од вториот албум се веќе објавени онлајн. Влезот е слободен.

Filch се Златко Андријевски – гитара, Дарко Стојоски – гитара, Теодор Бошков – бас гитара, Бранко Сапламаев – клавијатури и Гичо Динев – тапани.