Концертна промоција на Мугер Фугер

Музичкиот состав „Мугер Фугер“ на 23 мај ќе го промовираат својот нов албум, воедно ќе го одбележат и својот десетти јубулеј.

Концертната промоција ќе се одржи на платото пред Младинскиот културен центар.

Десеттиот албум, насловен „Татко“ содржи 10 песни. Сниман и миксан е во студио „Тра Ла Ла“, со продуцентот Мите Димовски. На самата промоција ќе може да набави и ЦД од албумот.

Во создавањето на албумот учествуваа:

Сецко Сеад Хаџиќ – гитара, мандочело
Огнен Мангаровски – синтисајзер, пијано ,бас гитара, гитара
Сашо Митревски – гитара
Никола Кузмановски – бас гитара
Огнен Златанов – гитара
Џано Куч – тапани и перкусии
Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов ,Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини, Џабир Дерала – вокали