Концерт во Струга на интернационалниот младински оркестар „Bisyoc“

Интернационалниот младински оркестар „Bisyoc“ кој првпат гостува во земјава, вечерва од 20.30 часот ќе одржи голем симфониски концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Втора концерт од оркестарот е најавен за 4 август од 17 часот. Утре оркестарот ќе настапи и во Охрид на отворено, на просторот помеѓу ТЦ „Амам“ и „Жито леб“.

Оркестарот има повеќе од 80 млади музичари од Германија, Франција, Велика Британија, Норвешка, Нов Зеланд, Русија, Канада и неколку македонски изведувачи.
„Bisyoc“ промовира културна и социјална интеракција помеѓу младите луѓе од различни земји – преку создавање квалитетна музика заедно. Почетоците се во 2001 година, кога диригентот Џулијан Гибон го формира оркестарот во Бедстоун, Велика Британија, како музички летен камп.

Неговата цел била да ги собере младите луѓе со различни музички цели и способности и да им даде шанса да искусат изведба во голем симфониски оркестар. Оваа идеја била одлично прифатена од младите, така што прераснува во традиција од 18 години.
Влезот за нивниот вечерашен концерт во Струга е слободен за посетители.

Организатор на концертите на отворено е Здружението за развој на културно-уметнички вредности „Тактус“ од Охрид.