Концерт на скопското трио Палиндром во Котур

Во среда, 12 јуни, од 21:00 часот во Котур е најавен концерт на скопското трио Палиндром.

Палиндром формиран во јуни 2013 година. Невообичаениот состав на две бас гитари и тапани дозволува голем простор за експериментирање околу пост-панк/стонер и ноиз жанровите.

Негувателите на звукот го сочинуваат: Ерик Омерагиќ(бас), Филип Поповски(бас) и Кристијан Новковски(тапани).

Концертот во Котур ќе го акцентира шест годишното егзистирање и креирање на бендот со осврт на нивното LP издание „Desert Y“(2017) и дел од новокреираниот материјал кој ќе биде дел од наредното издание.

Влезот е 150 денари.

Во рамки на настанот е најавена и Специјална проекција на краткометражниот филм „АДОЛЕСЦЕНЗУРА“ на Леа Димитрова.