Концерт на млади музичари на „Скопско лето“

Во рамки на Скопско лето, вечер во 20: 30 часот, во Даут-пашин амам концерт ќе одржат млади таленти од Факултетот за музичка уметност, во организација на Здружението за промоција на класична музика и едукација Проарт маркетинг од Скопје.

На концертот, кој е насловен „Музиката – заедничка страст“, ќе бидат изведени композиции од Верди, Пјацола, Паганини, Дебиси.

Ќе настапат флејтистките Богдана Бушевска и Тамара Џајковска, гитаристите Стефан Волчевски и Оскар Ереш, пијанистките Анастасија Грговска и Марија Николовска, Симона Богоевска на харфа, Билјана Камчева (флејта и соло пеење) и Ивана Стојановска (соло пејач).