Концерт на Љубојна во Струга

Македонскиот музички состав Љубојна вечерва ќе одржи концерт на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Влезот чини 100 денари.

Од Центарот, настанот го најавуваат преку мисијата на Љубојна – да ги спои младите и повозрасните, да покаже дека не постои стара и нова музика, туку дека треба да се негува она што ни е наследено.

„Зборот „љубојна“ е кованица од два контрадикторни збора, кои заедно се причински поврзани и заедно имаат смисла. Тоа е љубов и борба, борба за љубов, а љубовта може да ја толкувате како што сакате. Како опстојување на сцена, љубов кон музиката, љубов меѓу музичарите, меѓу луѓето, нема лимит“, се вели во најавата на настанот.