Концерт на хоровите од скопските средни училишта

Хоровите, вокалните групи и оркестри од средните училишта на Град Скопје вечерва во трговскиот центар „Сити мол“ ќе одржат концерт по повод ослободувањето на Скопје – 13 ноември.

На ревијалниот концерт ќе настапи Градскиот дувачки оркестар, хорот на „Златно славејче“ со песната „Скопје радост ти ќе бидеш“ и хоровите на средните училишта „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Георги Димитров“, „Марија Кири-Склодовска“, „Здравко Цветковски“, „Браќа Миладиновци“, „Панче Караѓозов“ и „Васил Антевски-Дрен“.