Концерт на „Џун“ во „Јавна соба“

„Јавна соба“ вечерва (2 ноември) од 21:30 часот е домаќин на концертот на инди-рок составот „Џун“ (June).

Во најавата стои дека настапуваат пет млади ентузијасти, пет вљубеници во музиката –  Бојана Низамовска – вокал и гитара, Данчо Поповски – бас гитара, Филип Арсов – гитара, Анте Гулин – тапани, и Јане Трајковски на труба и гитара.

Бендот е формиран во октомври 2010 и прави значаен белег на македонската музичка сцена, со тоа што дава свежина мешајќи повеќе правци, како на пример инди поп со доза на кантри поп.

„Гордо може да се пофалат со учество на повеќе реномирани фестивали, како Еxit, Sizget Festival, Vienna Waves Festival, Eurosonic Noorderslag, Таксират, Здраво Млади и многу многу самостојни помали свирки. Во 2015 година натпреварувајќи се со повеќе од 100 уметници од регинот успеваат да го земат победничкото место на Converse Rubber Tracks. Снимаат нова музика во Studio M во Нови Сад со продуцентот Al O’Connell“, стои во најавата за настанот.

„Џун“ зад себе имаат три албум „Someday soon” (2012), „Indian Summer“ (2014) и нивниот последен албум издаден во март 2017 „Living For The Weekend“.