Концерт „Акустик електроникс“ во Станица 26

Во рамки на Фестивалот за современа музика МОДОАРС 2019 , на 27 февруари во клубот Станица 26, со почеток во 22 часот, ќе се одржи концерт на Ема Попивода – пијано, Оливер Јосифовски – контрабас и Александар Петров – тапан со композиции на теми од познати електронски хитови.

Проектот е познат под името „Акустик електроникс“, оригинален музички перформанс во кој најпознатите електронски хитови се обработени и се изведуваат на пијано со придружба контрабас и моќниот звук на  тапанот.  Во ова второ издание  на концертниот проект, публиката ќе може да слушне обработки на одбрани електронски песни од различен временски период, кои се подредени во еден вид историјат на електронската музика.

Инспирирани од современата музика, во стилот на класичните композитори, на акустични инструменти, во сосема нова возбудлива атмосфера се појавуваат песни на Orbital, Kraftwerk, New Order, Bronski beat, Frankie Knuckles, David Morales, Moby, Layo & Bushwaka, Future sound of London, DЈ Rolando, David Morales, Fatima Yamaha…