[Колумна] “Before I Die I want to make a “Before I Die“ wall in my town”

Вака одговоривме на прашањето на Кенди Чанг, на нејзиниот сајт.  Беше јануари кога се запознавме со нејзините дела.  Лично од неа бев и сум тотално водушевена, не само поради овој проект, туку од сите нејзини, таа е херој на моето време!  Девојките беа одушевени подеднакво, веднаш и пративме мејл дека сакаме да го направиме “Before I Die“ кај нас, не дека веднаш ќе го направевме, туку да не му текне на некој да го направи пред нас. Таа се согласи, ни пишаа следниот ден, се израдувавме и почнавме да правиме план како да го направиме и кој може да не поддржи.

“Before I Die I want to make “Before I Die“ wall in my town”

После еден месец се појави повикот на НВО Инфоцентар и МОФ, го најавија проектот “Слободен си изрази се”. Решивме да се пријавиме за кампања и тоа поради темата за која се повеќе се зборува, а ништо не се менува. А и не е воопшто чудно, нели, во општества каде владее слобода на говор, не се зборува за слобода на говор, ниту има кампањи за тоа. Се собравме неколку пати само за таа цел, да ни дојде идеjа. Имавме неколку, ама никако не ги комплетиравме или не ги “гледавме” реализрани. Тогаш ни текна дека “Before I Die“ совршено се вклопува. Веднаш ја напишавме апликацијата и ја пративме. Не примија. Така од прилика се роди идејта за ѕидовите во Македонија, по што почнавме со работа, а подготовките траеа 6 месеци.  Од организаторите покрај одговор дека сме примени дознавме дека сакаат кампањата да ја реализраме во повеќе градови, не само во Скопје. Уште подобро, си рековме. На обуките кои претходеа како поготовка, заедно со тимовите од МОФ и НВО Инфо Центар, направивме план, ги дефиниравме сите фази на проектот, детали, пораки, прашања за на ѕидовите. На почеток одбравме три скопски локации, ул. Македонија, Стара Скопска Чаршија и УКИМ, а покрај нив Битола и Тетово. За секоја локација соодветно прашање, во однос на фрекфенцијата на луѓе во тој дел, профилот, итн.

“Before I Die I want to make “Before I Die“ wall in my town”На 31ви Август ја поставивме првата табла, таблата на ул. Македонија со пораката “Слобода е_____________”.  За неа се врзуваат многу приказни, секакви, некои од нив многу  чудни. Настанот го отвори Кили, само поради тоа што е еден од ретките во државава што го практикува своето право на слободен говор. Кили во свој стил одржа инспиративен говор, го пренесоа скоро сите медиуми. Една недела по настанот го затворија, а од тука натаму ја знаете приказната која деновиве доби епилог, за мене позитивен.  Дозволата за поставување на таблата во Центар и целата таа процедура, одеше преку надлежните во општина Центар, меѓу кои и Мирослав Шиповиќ, претседател на советот на Општината која требаше да одлучи дали ќе ни даде дозвола. Некаде при крај на проектот  и него го уапсија и неговата приказна ја знаете. Не дека имаше врска со нашиот проект, но си рековме, малер да не сме ние?

Ректоратот на УКИМ и општина Битола ги одбија нашите барања за поставување табли на териториите за кои се надлежни. Упорни бевме да дознаеме зошто, никогаш не дознавме. Единствено знаеме дека ги цензурираа и студентите и граѓаните на Битола, јавно да се изразат и да го кажат својот став на само две прашања: Што сакаат студентите на својот факултет и што сакаат битолчани во Битола.  Ми се чини овие се исплашија од одговорите, не од “малерот”  што не биеше.

Затоа, им благодариме на Центар, Струмица, Тетово и на Вики од Чаршија што дозволија и беа дел од ваков прокет. Уште повеќе им благодариме на сите оние кои великодушно и неуморно се грижеа за таблите, иако немаа никаква обврска. Такви ги имаше многу.

“Before I Die I want to make “Before I Die“ wall in my town”Несмеам  да ги заборавам и насилниците од Чаршија, на кои им сметаше таблата па не само што ја искршија на парчиња туку и уринираа врз неа. Со ова, Скопје од 340 други градови, стана прв град каде овој проект доби ваков третман. Имаше уште еден сличен насилник кој уште од прв ден имаше нешто против слобода на ул. Макдонија. Прво ги бришеше сите пораки , па бараше пари од луѓе што сакаа да се потпишат, за на крај да дојде со огромен камен и да почне да ја крши. Потоа се појавија двајца други скопски „нинџи“ (ама буквално) и го соборија, по што тој не се врати кај таблата.

За разлика од Скопје, во тој поглед, Тетово и Струмица покажаа поголема  зрелост, не им сметаа таблите, немаше инциденти. Со голем интерес и многу пораки секојдневно ги бојат белите линии и докажуваат дека се слободни.

Всушност, со ова сфативме дека сите имавме потреба од ваков простор, јавен простор, да застанеме и да се изразиме на која и да е тема, без да гледаме дали некој не гледа, дали некој снима или слика. Слободно. Оние кои не се чувствуваа така, ја кажуваа пораката гласно и си одеа, но и тоа е за почит.  Некои само поминуваа се насмевнуваа, но повеќето земаа креда и пишуваа. На секоја порака искрено и се радувавме, на секој збор. Зошто тоа е слобода,  да пишеш што сакаш.

Кристина Керкез