Колумбијците гласаа против мировниот договор и крај на 52-годишната војна

Колумбиските гласачи со вчерашниот референдум го отфрлија мировниот договор кој значеше крај на 52-годишната герилска војна меѓу Владата на Колумбија и левичарските бунтовници (ФАРК).

Со пребројнани 99 отсто изборни единици, тамошната Изборна комисија потврди дека 50,2 отсто од Колумбијците биле „против“, а 49,8 отсто се изјасниле „за“ договорот.  Се работи за разлика од само 63.000 гласови, од гласачко тело од 13 милиони Колумбијци.

Ова доаѓа откако минатата недела, во градот Картагена, мировниот договор го потпишаа колумбискиот претседател Хуан Минуел Сантос и водачот на ФАРК, Тимолеон Хуменез. Ова значеше трејно примирје и положување на оружјето од Фарк, а со цел бунтовничката група да се вклучи во политичкиот живот во јужноамериканската држава.

Сепак, за целосна верификација на договорот беше потребно да го прифатат и колумбиските гласачи на референдумот.

Резултатите од референдумот одекнаа со неверување и шок низ светот. Особено што локалните анкети покажуваа 66 отсто предност во однос на поддржувачите на договорот, а претседателот Сантос  рече дека „не постои План Б“ за воспоставување траен мир во земјата.

Од друга страна, поранешниот колумбиски претседател, Алваро Урибе, кој беше во таборот што агитираше против договорот, рече дека ваквите резултати од референдумот би дале можност владата и ФАРК да преговараат за „подобар договор“.

Фото: Гардијан