„Кока-Кола“ постави цел една четвртина од шишињата да станат реупотребливи, по бројните критики на активистите

Компанијата „Кока-Кола“ во четвртокот соопшти дека си поставила цел за една четвртина или 25% од пакувањата на глобално ниво да бидат повторно употребливи до 2030 година, потег што го поздравија еколошките движења, по бројните критики кон компанијата за загадувањето со пластика во светот, јавува „Ројтерс“.

Компанијата беше најголем загадувач со пластичен отпад во светот четврта година по ред во 2021 година, според годишниот извештај на коалицијата „Ослободи се од пластика“, објавен во октомври.

„Се надеваме дека другите компании ќе го следат лидерството на ‘Кока-Кола’ и ќе постават сопствени цели за пакувања за повеќекратна употреба“, рече координаторката на кампањата Ема Пристланд.

Во 2020 година, 16% од амбалажата на компанијата можеше да се реупотреби.