Коалиција СЕГА: Почнуваме со примена на Индекс за детски права

Коалиција на младински организации СЕГА почнува со примена на Индекс за детски права кој претставува иновативна алатка за спроведување на Конвенцијата за правата на детето во основните училишта во Македонија, во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“.

Индексот за детски права или „Индикатори за остварување на правата на детето во образованието“ претставува инструмент за проценка на остварените права на детето во воспитно-образовниот систем.
Претставници на воспоставените училишни тимови присуствуваа на обука за примена на Индексот за детските права.

Целта на обуката беше да се оспособат училишните тимови да го применуваат Индексот и да се зајакнат нивните капацитети за примена на детските права во образованието. Индексот ќе се применува во 10 основни училишта од 10 градови во Република Македонија.

Коалицијата на младински организации СЕГА од 2010 година го спроведува проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ со поддршка на Детската Фондација Песталоци, во 10 основни и 9 средни училишта од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, Куманово, Штип и Кавадарци.