Книгата „Историја на филмот“ дигитално достапна на сајтот на Кинотека

„Историја на филмот, книга II“ на авторот Георги Василевски, во издание на Кинотеката од 2002 година, деновиве ја доживеа и нејзината дигитална верзија.

Ова капитално дело од историјата на светската кинематографија отсега ќе биде достапно и во ПДФ формат на сајтот на Кинотеката на Северна Македонија.

„Историја на филмот, книга II“ ја обработува појавата на звучниот филм и го анализира  периодот во светската кинематографија од  1927 до 1945 година. Втората книга од четиритомната „Историја на филмот“ хронолошки го опишува откритието на звукот во филмот, големата епоха на францускиот филм, германскиот филм и нацизмот, полетот на британскиот филм, успесите на советскиот филм, светската кинематографија за време на Втората светска војна, стариот и новиот Холивуд…

Дигиталното издание на книгата е достапно на следниов ЛИНК.