Кисела Вода повикува волонтери за „Хумана контрола на кучињата бездомници“

Општина Кисела Вода објавува јавен повик до сите заинтересирани жители, граѓански здруженија, активисти за заштита на правата на животните за учество во програмата „Хумана контрола на кучињата бездомници“.

Може да учествуваат сите со адреса и живеалишта на Кисела Вода.

„Во правец на успешно спроведување и реализирање на програмата, Општина Кисела Вода ги замолува сите заинтересирани да достават список на волонтери (така наречени старатели), кои ќе прифатат без надомест да ги извршуваат следните обврски:

-Пријавување единки за кастрација / стерилизација;
-Обезбедување помош на стручните служби од ЈП Комунална хигиена, за похумано и полесно заловување на бездомните кучиња и други животни;
-Следење на состојбата на кучето за време на престојот во стационарот ‘Вардариште’;
-Помош при вдомување на единките;
-Постојана комуникација со стационарот ‘Вардариште’ и пристап до кучињата за кои се одговорни“, стои во оопштението од Кисела Вода

Лице за контакт е Горан Петковски, 070/246-176, goran.petkovski@kiselavoda.gov.mk и Ана Ѓуроска, координатор на иницијатива, 078/226-148, ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk.

Програмата е врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Општина Кисела Вода, Град Скопје и ЈП Комунална хигиена.