Кино со автомобили во Кавадарци, Неготино и Демир Хисар

Жителите на Кавадарци, Неготино и Демир Хисар викендов ќе може да проследат филмски проекции од нивните автомобили. Настанот го организира „Торос филм студио“ во соработка со Министерството за култура.

Во Неготино, проекциите ќе се одржуваат во петок (25 јуни) со почеток во 20:15 часот на игралиштето од спортски комплекс „Младост“.

Во Кавадарци и Демир Хисар, пак, ќе се одржуваат во сабота (26 јуни) во 20:15 часот на паркингот до „Музички парк“ и на игралиштето во новата населба Демир Хисар.

Во сите три градови ќе се прикажува филмот „Ах, љубов моја“ во режија на Коле Ангеловски и краткометражниот филм „Магнолиа“ на Ана Опачиќ.