Кинез поминал 36 години градејќи канал за да обезбеди вода за неговото село

Во 1959 година, малото село Каовангба во кинеската провинција Гуижу имаше проблем откако суша ги испразни сите блиски извори на вода, па населението било принудено да користи само еден извор. Но, дури и тој извор некогаш ги оставал луѓето од селото без доволно вода.

За проблемот да биде уште поголем, единственoто оризово поле пресушило, со што им се отежнал пристапот до храна на населението. Нешто морало да се направи, но наместо да си замине, селанецот Хуанг Дафа одлучил да започне амбициозен проект да ископа десеткилометарски канал по должината на неколку карпи за да донесе вода до својот дом.

Му требале 36 години и еден неуспешен обид, но сега селото има доволно вода за сите. Многумина го споредуваат Дафа со Ју Гонг, стар човек чија одлучност според кинеските верувања ги натерало боговите да ги подместат планините од неговиот пат.

На само 23-годишна возраст, Дафа целосно се посветил на проектот. За да го изградат каналот, селаните морале да копаат по карпите на три карстни планини, ризикувајќи си го животот при искачувањето.

Секако, на почетокот бил потребен голем напор за да се убедат жителите да се вклучат во оваа опасна работа, но на крај, сфатиле дека единствената друга опција е да не прават ништо и да гледаат како нивното населено место продолжува да се мачи со овој проблем.

Но, по една деценија работа, првиот обид да профункционира каналот бил неуспешен. Сепак, не било целосна загуба, нивниот труд создал тунел низ планините што им овозможува на селаните полесно да патуваат, наместо да заобиколуваат.

Дафа сфатил дека морале подобро да го проучат системот за наводнување за да го реализираат проектот. Па така, тој заминал да студира инженерство неколку години и неговиот следен обид бил многу попрецизен. Во раните 90-ти, ги убедил селаните повторно да се обидат. Работниците често спиеле во пештерите долж карпите, така што било многу тешко да се стигне до нив во случај на несреќа. Дафа го пропуштил погребот на својата ќерка и внук, бидејќи не можеле да стигнат до него пред тие да починат.

Конечно, во 1995 година, новиот канал бил готов и водата почнала да течи кон Каовангба. Но, покрај каналот, поради напорите на Дафа, селото се обезбедило и со струја и нов пат, а со тоа жителите зачекориле кон модерниот свет. Денес, заедницата е просперитетна, а Хуанг Дафа е прогласен за локален херој на 82-годишна возраст. Каналот обезбедува вода и за уште три села кои се наоѓаат на неговиот пат. Овој канал обезбедува вода за 1 200 луѓе, овозможувајќи им да произведуваат 400 000 килограми ориз секоја година.