Кина сака чист воздух без еколошко движење

Дури и за стандардите на Кина, последните неколку недели беа контрадикторни кога станува збор за животната среднина, пишува Вашингтон пост.

Прво, моќен документарен филм за загадувањето на воздухот, произведен со официјална подршка, кој беше погледнат повеќе од 200 милиони пати за само неколку дена беше блокиран од страна на владините цензори. Денеска сите референции за филмот се исчистени од кинескиот интернет, повеќе отколку што воздухот некогаш ќе биде.

На маргините на годишното собрание на парламентот на земјата, претседателот на Националниот Народен Конгрес (НКД), Кци Јинпинг, вети дека ќе ги казни „прекршителите“ кои ја уништија животната средина со „железна рака.“ Премиерот Ли Кигианг го отвори дво-неделниот собир на НДК, нарекувајќи го загадувањето „лошо влијание на животот на луѓето“ и вети значителни намалувања на емисиите на загадување.

Во неделата тој стави крај на средбите со ветување дека неговата влада нема да стави крај на „војната против загадувањето“ се додека не ја постигнат својата цел, и додаде дека законот ќе разботи како „моќна и ефикасна алатка“ за контрола врз загадувањето и дека тој нема да биде мек во таа смисла.

Сепак, додека фабриките, камионите и нафтените компании продолжуваат со игнорирање на еколошките прописи, полицијата има различни цели. На 6 март, активист во јужниот дел на градот Гуангжу, кој објавуваше информации на социјалните мрежи во врска со планираниот собир на мајките загрижени за штетата од смог, беше уапсен и ставен во притвор 14 дена, а други двајца биле задржани во текот на ноќта поради поставување плакати, кои ја обвинувале владата за смогот.

Дали владата е сериозна, или сето тоа е само за да се покаже? И ако навистина сака да се подобри животната средина, зошто не може да има малку поддршка од јавноста и притисок?

Одговорите се наоѓаат во рамките на комплексната природа на комунистичката партија во Кина и огромните предизвици кои се вклучени во решавањето на загадувањето на воздухот. Комунистичката партија која е опседната со контрола и со недоверба гледа на учеството на јавноста, е свесна дека ова е огромен проблем за урбаната средна класа.

Кина се соочува со она што Ванг Тао од Меѓународниот центар за глобална политика во Пекинг го нарекува „почетокот на одливи и приливи во морето од промени“ кога станува збор за енергијата и животната средина.

„Министерството за животна средина, секако сака да добие поголема моќ, и може да се види огромен притисок од јавноста за подобра животна средина“, рече тој. „Но постои отпор од лични интереси и борба за превласт околу тоа кој треба да го води овој процес, во однос на политиките и стандардите за поставување.“

Кина согорува повеќе јаглен од остатокот од светот заедно, но минатата година , спротивно на очекувањата, потрошувачката на јаглен се намали за 2,9%, што е досега невидено.

Производството на електрична енергија од јаглен, исто така падна за првпат во последниве децении. Производните провинции за јаглен и челик кои долго време беа на врвот на табелите на економскиот раст на земјата сега паднаа на дното.

Дел од причините е забавувањето на економската активност во Кина, која најмногу ги погоди тешката индустрија и секторот за недвижности, и нагласи значително прекумерена продуктивност. Но, владините мерки за да го забави производството на јаглен и челик, опфатија затварање на нелегални рудници и печки.

Чаи Јинг е добро познатата поранешна водителка за државната Кинеска Централна Телевизија, чиј 104-минутен документарен филм „Under the Dome“ се објави на интернет, само неколку дека пред состанокот свикан од НДК. Тоа е еден страствен и добро истражуван производ.

Јинг ги опфати нејзините грижи како мајка на новороденче, грижејќи се за отровите кои нејзината ќерка и безброј други кинески деца секојдневно ги вдишуваат. Направен со поддршка на претставници од Министерството за заштита на животната средина, ја изложува немоќта да се постават соодветни стандарди и да се спроведат веќе постоечките. Го опишува министерството кое беше беспомошно против челичната индустрија која ги игнорира правилата за животната средина, поради тоа што таму се вработени десетици милиони луѓе. Беспомошни против моќните државни нафтени компании кои продаваат валкано гориво за да ја зголемат нивната добивка. Не можат да се запрат дури ни камионите кои оставаат дебели облаци на улиците на Пекинг.

Но, филмот, исто така нуди надеж, со презентација на искуството на Лондон и Лос Анџелес во чистењето на воздухот, без оштетување на економијата, но и надеж за моќта на учеството на јавноста за да се засрамат загадувачите.

Филмот беше објавен и промовиран на 28 февруари, од страна на веб-сајтот „People’s Daily Online“. До следниот ден тој имаше 100 милиони прегледи, иако првите инструкции биле медиумот да не го промовира.

Новиот министер за заштита на животната среди, Чен Јининг, кој беше ставен во владата од страна на академијата пред само еден месец, и испрати порака уште истиот ден честитајќи и. Тој за новинарите изјави дека го потсетува на “Silent Spring”, книгата од 1962 година на Рејчел Карсон која го инспирира еколошкото движење во САД.

Филмот можеби нема да влезе во историјата на ист начин како книгата на Карсон, поради тоа што ниедно слично еколошко движење нема да биде дозволено во Кина.

Извор: Washingtonpost