Кина објави државно платена апликација за романтично запознавање

Од Градчето Џиангкси, кое се наоѓа во источна Кина, велат дека го пронашле решението за љубовните проблеми – државно платена апликација за романтично запознавање, пренесува „Гардијан“.

Градот во кој живеат околу 640.000 луѓе, објави апликација која користи податоци од жителите самци, за да создаде дигитална платформа за романтично запознавање. Апликацијата е позната како „Палм Гикси“, а вклучува и опција за „состаноци на слепо“.

Апликацијата е дел од обидите на локалните власти за зголемување на процентот на венчавки, кој е во пад во последната деценија.

Во различни општини од Џиангкси, локалните власти на различни начини се обидуваат да ги поттикнат венчавките. Во областа Гао, 100 самци присуствувале на настан за запознавање во локален парк, облекувајќи се во традиционални носии, за да играат друштвени игри и „да се зближат“, додека ја чувствуваат „топлината на кинеската култура“.

Еден од главните елементи во државната кампања за поттикнување на бракови, е укинување на цената на невестите. Последните неколку години властите се обидуваат да го укинат традиционалниот обичај на откупување на невестата. Иако со закон е забрането „добивање на пари или подароци за невеста“, во реалноста обичајот се почитува, особено од населението во руралните средини. Во 2022 година Џиангкси, стана неофицијален светски рекордер по цена на невеста, која изнесувала околу 45.000 фунти.

Реакциите на интернет во врска со државната апликација за романтично запознавање се измешани. Многу од коментарите на локалното население, на кинеската социјална мрежа „Вибо“ велат дека ова е обид на властите да го зголемат процентот на државниот наталитет кој е во опаѓање.

„Се очекува кинезите да се плодат како свињи“, гласел еден од коментарите.