Кина ја лансираше првата ракета-носач изработена од приватна компанија

Кина успешно ја лансираше „Чонгквинг Лијангжијанг Стар“ – првата ракета-носач изработена од приватна компанија. Се работи за проект на пекингшката компанија „Уан Спејс текнолоџи”.

Како што пренесува БТА, ракетата има мотор со тврдо гориво, безжичен интернет, а контролните системи се прилагодуваат според потребите на клиентот.

Леталото има носивост од 100 килограми товар на растојание од 800 километри од планетата Земја.

Компанијата е основана 2015 година, согласно политиката на кинеските власти да ги поттикне комерцијалните вселенски летови и активноста на приватните компании во оваа област. Стремежот е до 2022 година оваа азиска држава да има своја постојана вселенска станица, како и истражување на Марс во периодот 2020 – 2025.

Предидено е „Уан Спејс” да лансира десет ракети-носачи наредната 2019 година.

МИА