Кина ја блокирала Википедија на сите јазици

Сите јазични изданија на  Википедија, се блокирани во Кина од април, потврди фондацијата Викимедија.

Истражувачите на интернет цензурата посочуваат дека бесплатната интернет енциклопедија е последна од илјадниците други веб-страници до кои не може да се пристапи од Кина.

Земјата претходно ја имаше блокирано кинеската јазична верзија на Википедија, но блокадата сега е проширена на сите останати јазици.

Од Викимедија соопштиле дека не добиле никакво известување за ваквиот потег.

„Ви април, фондацијата Викимедија утврди дека Википедија повеќе не е достапна во Кина. Откако детално ги анализиравме нашите внатрешни извештаи за сообраќајот, можеме да потврдиме дека Википедија во моментов е блокирана на сите јазични верзии“, велат од фондацијата.

Енциклопедијата, која е уредувана од волонтерска заедница низ целиот свет, била цел на блокади од страна на властите од повеќе држави во последните години.

Во 2017 година страницата била блокирана во Турција, а оваа година таква блокада има направено и Венецуела.