Ким Дотком бара да го пренесува своето судење во живо на интернет

Судија во Нов Зеланд размислува да му дозволи на Ким Дотком да го „стрима“ судењето за неговата екстрадиција онлајн.

Основачот на веб страницата Megaupload сака да го пренесува судењето на Јутјуб, бидејќи смета дека е од јавен интерес.

ФБИ ја презеде контролата над Megaupload.com и другите домени кои припаѓаа на компанијата во јануари 2012 година. Федералниот обвинител го обвини сопственикот на сајтот за споделување на музика, филмови и други податоци дека им скратил повеќе од 500 милиони долари промет на издавачките куќи, филмските студија и сопствениците на авторските права.

Минатиот декември, судот на Нов Зеланд донесе одлучи дека претприемачот треба да биде екстрадиран поради прекршување на авторски права, перење пари и рекетарство.

Адвокатот на Дотком, Рон Мансфилд, тврди дека сајтот не треба да се обвинува за делата на неговите корисници, и вели дека неговиот клиент немам фер сослушување минатата година.

Менсфилд тврди и дека има „проблеми кои се од јавен и интернационален интерес“, и поради тоа треба да имаат слобода да го пренесуваат случајот. Предлага да има доцнење од 10 минути на онлајн стримот, за судот да може да спречи да се пренесуваат во живо било какви чувствителни детали.