Казни за директорката и училиштето во Радовиш каде оџа држеше верски обред

Државниот просветен инспекторат со 1 600 евра го казни основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш каде минатата недела се организирала ифтарска вечера по повод Рамазан, а локален исламски свештеник вршеше верски обред.

Казна е изречена и за директорката Олгица Стојанова во висина од 1 120 евра. Инспекторите влегоа во училиштето откако во јавноста излезе видео од обредот кое наиде на остри критики на социјалните мрежи поради нарушување на начелото на секуларност во училиштата.

Од Инспекратот е најавено и дека ќе биде поднесено барање до општинските власти во Радовиш за разрешување на директорката, затоа што спротивно на законот дозволила верско организирање во училиште.